За Симпозиумот

Почитувани колеги фармацевти и лекари,

Ни претставува чест и задоволство да Ве поканиме да учествувате на Симпозиумот под наслов:

„РАЗВОЈ НА АПТЕКАРСКА ПРАКТИКА И  МЕЃУПРОФЕСИОНАЛНА СОРАБОТКА
Kолку брзо може да растеме?“

Симпозиумот е организиран од страна на Македонското фармацевтско друштво, секцијата за аптекарска практика и секцијата за клиничка фармација.

Потпирајќи се на долгогодишното искуство во континуираната едукација на здравствените професионалци, веруваме дека научната програма која вклучува пленарни предавања, усни презентации, работилници и постер сесии, ќе резултира со успешна размена на современите сознанија и искуства меѓу фармацевтите и лекарите како истражувачи и долгогодишни практичари.

Симпозиумот опфаќа теми фокусирани на промоција и унапредување на јавното здравство, колаборативен менаџмент на терапија, тековни практики и пристапи засновани на медицина и фармација базирани на докази, справување со нерационална полифармација и современи сознанија и препораки за донесување на заеднички одлуки во лекувањето.

Со тоа, овој Симпозиум претставува уникатна можност за меѓупрофесионална, интердисциплинарна соработка меѓу фармацевтите (практичари во аптека, специјалисти по клиничка фармација и аптекарска практика, како и болнички фармацевти) со семејните лекари, лекари специјалисти и субспецијалисти од областа на неврологија, кардиологија, ендокринологија и други сродни области од интерната медицина.

Добредојдено е и учеството на студенти – здравствени специјализанти во полето на фармацијата и медицината.

Симпозиумот ќе биде Aкредитиран од Фармацевтската комора на РС Македонија (ФКРСМ), како и од Лекарската комора на РС Македонија (ЛКРСМ).

Со нетрпение очекуваме да Ви посакаме добредојде од 8-10 ноември, 2024 година, во хотел Дрим, Струга, РС Македонија

Раководител на Секција
за аптекарска практика
Проф. д-р Марија Главаш Додов

Претседател на
Македонско фармацевтско друштво
Проф. д-р Руменка Петковска

Раководител на Секција
за клиничка фармација
Проф. д-р Александра Капедановска Несторовска

ОРГАНИЗАЦИСКИ И МЕЃУНАРОДЕН НАУЧЕН ОДБОР

Oрганизациски одбор
Руменка Петковска – Претседател, С Македонија
Душко Шалабалија – Генерален секретар, С Македонија
Ивана Чешмеџиевска – секретар, С Македонија

Меѓународен Научен одбор
Марија Главаш Додов – Секција за аптекарска практика, С Македонија
Александра Капедановска Несторовска – Секција за клиничка фармација, С Македонија
Билјана Лазарова, С Македонија
Бранислава Миљковиќ, Србија
Валентина Ристеска Нејамшиќ, С Македонија
Габриела Новотни, С Македонија
Драган Ѓоргиевски, С Македонија
Јасмина Хаџиабдиќ, Босна и Херцеговина
Зоран Стерјев, С Македонија
Ирена Митевска, С Македонија
Катерина Ставриќ, С Македонија
Кристина Младеновска, С Македонија
Магдалена Вашик-Новачик, Полска
Маја Ортнер Хаџиабдиќ, Хрватска
Матеј Стухец, Словенија
Ненад Миљковиќ, Србија
Руменка Петковска, С Македонија
Рената Славеска Раички, С Македонија
Сандра Везмар Ковачевиќ, Србија
Саша Јовановска Мишевска, С Македонија