Апстракти

ПОДНЕСУВАЊЕTO НА АПСТРАКТИ

Поднесувањетo на апстрактите се врши електронски, со користење на прикачениот образец.

(МК-abstract template (линк) или EN-abstract template (линк).

Апстрактите треба да бидат напишани во фонт Times New Roman со големина на букви 12, со единечен проред и во А4 формат.
Апстрактот треба да содржи: наслов, имиња и презимиња на авторите (да се подвлече носителот на трудот), Институција од која доаѓаат и да се наведат најмногу 5 клучни зборови. Содржината на апстрактот треба да e најмалку 200, односно најмногу 300 зборови.
Апстрактите треба да бидат што е можно поконцизни и истите е препорачливо да бидат конципирани со воведен дел и цели, методологија (доколку е применлива), резултати и дискусија, заклучок и литература (најмногу две цитирани референци, Harvard style).
Апстрактите може да бидат напишани на македонски или на англиски јазик.
Во прилог е пример за правилно поднесен апстрактите (линк до примерот).
При поднесување на апстрактите, авторот треба да избере дали сака усна или постер презентација.
По рецензирање на апстрактите, Научниот одбор го задржува правото одреден апстракт да го префрли од усна во постер презентација.
Усните презентации МОРА ДА БИДАТ НАПИШАНИ НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК ИЛИ НА АНГЛИСКИ ЈАЗИ – како ppt (power point) презентација, во 16:9 формат.
Постер презентациите ќе се изведуваат исклучиво електронски на LCD екрани и затоа истите треба да бидат направени во размер 16:9 и резолуција мин. 300 dpi (.pdf формат).

Одлуката за прифаќање на АПСТРАКТИТЕ ќе ја донесе Научниот одбор.

  • КРАЕН РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА АПСТРАКТИТЕ: 25.09.2024 год.
  • КРАЕН РОК ЗА ПОТВРДА НА ПРИФАТЕНИТЕ АПСТРАКТИ: 10.10.2024 год.
  • Сите прифатени апстракти ќе бидат објавени во Книгата на апстракти.
  • Во Книгата на апстракти, ќе бидат печатени само оние трудови за кои има платена/обезбедена котизација, според еден од условите опишани во Првото соопштение.

НАПОМЕНА:

Прифатените орални и постер презентации, овозможуваат соодветни бодови од акредитацијата на настанот, НО САМО ЗА НОСИТЕЛОТ НА ТРУДОТ.

Согласно одлуката на Научниот одбор, авторите на избрани апстракти ќе имаат можност истите да ги објават како проширен труд во специјалното издание на Macedonian Pharmaceutical Bulletin (со DOI број).
Повеќе информации на: https://bulletin.mfd.org.mk/

ПОДНЕСЕТЕ АПСТРАКТ

Тип на презентација (потребно)
Постер презентација

Закачи фајл* (само doc/docx документи)

Внеси го кодот!

captcha

Почитувани, Ве молиме поради различната брзина на интернетот што го имате на вашиот стиснете на копчето Поднеси само ЕДНАШ и почекајте да ви се појави пораката за успешно поднесен апстракт!